Чанта мала колку зрно сол на аукција продадена за 63.750 долари

chanta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чанта „мала колку зрно сол“ е продадена на аукција за 63.750 американски долари. Она што е занимливо е тоа што, за да се види дизајнот на чантата, потребен е микроскоп, бидејќи таа има димензии 657 на 222 на 700 микрометри, пренесува Би-би-си.

„Има големи чанти, нормални чанти и мали чанти, но ова е последниот избор во минијатуризацијата на чантите… Доволно е тесна за да се протне низ иглено уво… Оваа чанта е толку мала што ќе Ви треба микроскоп за да ја видите“, велат од креативниот тим „МИСЧФ“ од Бруклин кој стои зад чантата, познат по своите необични креации.


Меѓу тие „изуми“ се и чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода во табаните, колонска вода што мириса на „ВД-40“ средство против влага во автомобилите, како и огромни црвени кловновски гумени чизми. Уметничкиот колектив овојпат реши да го одведе „трендот на мали чанти“ до крајност.

Чантата го има логото на „Луј Витон“, но предметот нема никаква врска со тој бренд. Жолтиот „моден новитет“ е направен од фотополимерна смола со помош на технологија за 3-Д печатење што често се користи за изработка на мали модели и структури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK