Били Ајлиш нема планови за пластична хирургија. Познатата пејачка откри дека нема намера да се подложува на процедури што би го промениле нејзиниот изглед како што старее. Таа зборуваше за ова во гостувањето во поткастот „Good Hang“ на Ејми Полер.
„Навистина се радувам што ќе стареам. Возбудена сум да го гледам моето лице и тело како стареат без да го менувам“, рече Ајлиш.
Добитничката на Греми објасни дека не сака нејзините идни деца да видат „искривена верзија“ од нејзиното лице. „Сакам моите деца да ме гледаат и моето лице да изгледа како нивното, а не некоја искривена верзија на сите овие сра*а што се случуваат денес“, рече таа.
Били, исто така, се осврна на растењето, потсетувајќи се како, на 17 години, мислела дека никогаш нема да се промени. „Никогаш не помислив дека ќе престанам да бидам тинејџерка“, рече таа. „Помислив: „Добро, ова сум јас и ќе бидам таква засекогаш“, и секако воопшто не функционира така.“
фото/Depositphotos