Galaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје

samsung_One UI 6 Watch Beta_Thumbnail_FINAL
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Samsung ја започна ерата на мобилна вештачка интелигенција на почетокот на оваа година со воведувањето на серијата Galaxy S24 и е посветен на воведување на Galaxy AI[1] на поширок опсег на уреди. Сега го исполнува тоа ветување и ја носи Galaxy AI на Galaxy Watch, засилувајќи ги неговите популарни здравствени функции. Со комбинирање на моќната AI на уредот со сеопфатната апликација Samsung Health, Samsung е на пат да изгради некои од најперсонализираните и најбезбедните здравствени искуства досега.

Напредна интелигенција за посеопфатни увиди и мотивација


Мисијата на Samsung е да понуди напредно искуство за следење на здравјето и благосостојбата, почнувајќи со примена на корисни и практични увиди кои ќе ви помогнат подобро да го разберете вашето здравје. Сега, со комбинирање на Galaxy AI со апликацијата Samsung Health, новите функции за следење на здравјето ќе ви дадат посеопфатен увид во сопственото здравје и дополнителна мотивација за подобрување на вашата благосостојба на дневна основа. Со функцијата Енергетски резултат (Energy Score)[2], ќе можете подобро да ја разберете вашата состојба на дневна основа преку комбинираната анализа на вашите здравствени параметри, вклучувајќи просечно време на спиење, конзистентност на времето на спиење, конзистентност на времето на спиење/будење, време на спиење, активност од претходниот ден, срцеви отчукувања при спиење и варијабилност на срцевите отчукувања[3]. Покрај тоа, Совети за велнес (Wellness tips) (TBD)[4] ви помага да ги постигнете вашите лични здравствени цели нудејќи увиди, мотивациски совети и инструкции засновани на конкретната цел што сакате да ја постигнете.

Поголема прецизност и точност

Точните и сеопфатни здравствени параметри се основа за најдобрите интелигентни здравствени искуства. Подобрените здравствени алгоритми и напредните алатки за следење ќе ви овозможат похолистички, поперсонализирани и пофункционални увиди кога се комбинираат со вештачка интелигенција. Бидејќи доброто здравје започнува со добар ноќен одмор, Samsung го подобрува AI алгоритамот на спиење (sleep AI algorithm) за да обезбеди дополнителни длабински увиди во спиењето. Новододадените индикатори за сонот за Увидите во спиењето (Sleep Insights) ви нудат подетална и точна анализа на квалитетот на вашиот сон за да можете подобро да ги разберете вашите обрасци на спиење и да изградите подобри навики. Овие додадени метрики вклучуваат движења во текот на спиењето, латентност на спиењето, срцевите отчукувања и респираторната стапка за време на спиењето, како дополнение на претходно поддржаните метрики како часови на ‘рчење, ниво на кислород во крвта и циклус на спиење.

Сосема новите функции за физичка кондиција нудат интелигентни и едноставни мерења на физичкиот капацитет за поприлагоден тренинг, кои обично се обезбедуваат со високо напредна опрема. Покрај петте нивоа на интензитет на трчање во рамките на функцијата Personalized Health Rate Zone, новиот детален параметар Аеробен праг (AT) / Анаеробен праг (AnT) Зона на пулс (Aerobic Threshold (AT) / Anaerobic Threshold (AnT) Heart Rate Zone)[5] поддржува ефикасно трчање и брзо ги анализира перформансите. Покрај тоа, велосипедистите можат лесно да го пресметаат параметарот > Функционален праг на моќност (Functional Threshold Power) (FTP)  за само 10 минути[6] и да тренираат како професионалци користејќи персонализиран индекс на сила базиран на анализа на податоци со вештачка интелигенција за максимални перформанси. Исто така, алатките за следење на физичката кондиција ви помагаат да ги следите вашите тренинзи и полесно да напредувате. Со новата функција на Workout Routine, можете да комбинирате различни вежби за персонализиран тренинг и непречено да преминете на следната вежба без пауза. Останете мотивирани и следете го вашиот напредок кога трчате или возите велосипед со функцијата Трка (Race)[7], која ги споредува тековните и минатите перформанси на истите рути.

„Со проширување на моќта на Galaxy AI низ нашиот екосистем, ние сакаме да создадеме сосема нови можности со подобрено и поврзано искуство, кое им нуди на корисниците поголема персонализација и интелигенција“, рече Џуно Парк (Junho Park), потпретседател и раководител на тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystem, МХ производи во Samsung Electronics. „Донесувањето на Galaxy AI на Galaxy Watch е само почеток на овој процес и ние сме возбудени што наскоро ќе прикажеме уште повеќе интеграции низ нашето портфолио на Galaxy.

Овие нови функции ќе бидат достапни подоцна оваа година на новиот One UI 6 во рамки на линијата Galaxy Watch. Ограничен број корисници на Galaxy Watch ќе имаат ран пристап до бета програмата[8]  од јуни. Ова е само дел од она што го имаме за корисниците и едвај чекаме да ја покажеме целосната моќ на Galaxy AI кога се интегрира со напредните хардверски ажурирања на новата серија Galaxy Watch. Следете нè за да бидете во тек со сите новости.

[1] Можеби е потребно најавување на сметката на Samsung за одредени функции на Samsung AI. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или доверливоста на исходот што го обезбедуваат AI функциите. Достапноста на Galaxy AI функциите може да се разликува во зависност од моделот на уредот. Galaxy AI функциите ќе бидат бесплатни до крајот на 2025 година на поддржаните уреди на Samsung Galaxy. Различни услови може да важат за AI функциите обезбедени од трети страни.

[2] Наменето само за општа благосостојба и фитнес цели. Достапно на телефони со Android (оперативен систем Android 10 или понова верзија) и бара апликација Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на сметката на Samsung. За да се провери енергетскиот резултат, здравствените податоци следени од Galaxy Watch (Galaxy Watch4 или подоцна објавената серија на Galaxy Watch) мора да се синхронизираат со апликацијата Samsung Health. Потребни се барем податоци за активноста и спиењето од претходниот ден, како и податоци за срцевите отчукувања за време на спиењето.

[3] Не е наменето да ги замени традиционалните методи на дијагностицирање или лекување.

[4] Достапно на телефони со Android (оперативен систем Android 10 или понова верзија) и бара апликација Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на сметката на Samsung. Не е наменето за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на која било медицинска состојба. Резултатот е само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.

[5] Овозможена е функцијата Heart Rate Zone кога се избира активност за трчање на отворено. Потребно е постојано да трчате повеќе од 10 минути со брзини од 4 km/h или поголеми.

[6] За да се измери персонализиран FTP, паметниот телефон Galaxy мора да биде поврзан со мерач на сила. За да се пресмета попрецизен FTP, неопходно е да се поврзе Galaxy Watch со паметен телефон. FTP се пресметува автоматски кога велосипедот се вози со среден до висок интензитет повеќе од 4 минути, при што мерачот на сила треба да биде прикачен на вашиот велосипед. Со користење на машинското учење, колку повеќе корисници возат постојано, толку попрецизни и поперсонализирани вредности на FTP ќе се пресметуваат. Мерачот за сила при возење велосипед се продава посебно. Традиционалното времетраење на анализата на FTP на професионална опрема е во просек до 1 час.

[7] Функцијата Трка (Race) е достапна само за трчање и велосипедизам на отворено. За компаративни мерења, потребно е да се трча на истата патека која што е претходно дефинирана. Корисниците можат да споредуваат со избирање на еден од резултатите во временска рамка од 14 дена. Споредувањето на резултатите преку функцијата Трка (Race) е достапно само кога се стартува на истото место како претходниот пат со кој се споредува. Автоматски ќе премине во режим на трчање, доколку почетните точки се различни.

[8] Бета програмата на One UI 6 Watch ќе биде достапна за корисниците на Galaxy Watch4, Galaxy Watch4 Classic, Galaxy Watch5, Galaxy Watch5 Pro, Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic во САД и Кореја преку апликацијата Samsung Members.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK