„Животни“ – изложба на керамики од Соња Поповска Трајковска

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 вечер ќе биде отворена изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска „Животни“. Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.

-Животните се голема инспирација за творештво. Нивната разноликост е површина за обработување со многу капацитет за текстура, стилизација, линија. Урбаноста на секојдневието ме наведе да им посветам дел од серијалот /циклус на животните, кои се најчесто од нашево поднебје, (не дека ги нема низ светот). Со Магарето почна се и така му се придружија преостанатите. Скулптурите се мал формат, моделирани во керамичка замја, печени, теракота. Продолжувам со овој материјал од многу причини, можности за обработување на површината, перфорирање а воедно задржан волумен. Делата на изложбата се изработени оваа година, вели авторката на изложбата од керамики.


изложба на керамики од Соња Поповска Трајковска

Соња Поповска-Трајковска е родена 07 јануари 1969 година во Скопје. Дипломиран скулптор во керамика во ФЛУ Скопје во 1997 година. Од 1997 година активно редовно учествува на многубројни групни изложби во и надвор од државата, како и бројни самостојни изложби, организира и реализира авторски мултимедијални проекти. Таа е организатор во здружение на граѓани „Училница осум 8“, член е на ДЛУМ. Редовен ликовен педагог е во ООУ „Димо Хаџи Димов“-Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK