Во Делчево одбележан 5 Мај, Ден на македонската азбука и јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево денеска го одбележа 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик. Активноста се реализираше заедно со учениците од деветолетката „Св.Климент Охридски“ кои подготвија пригодна програма по повод значајниот датум.







-Главен акцент на денешниот настан беше настанокот на македонскиот јазик и азбука, за што беше подготвен соодветен рецитал, а веднаш потоа учениците од трето одделение при ова училиште пееја и рецитираа во чест на македонскиот јазик и азбука.Огромна благодарност до сите ученици и нивните наставнички со кои на еден убав начин, заедно го одбележавме денот на македонската азбука и јазик  истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

За учесниците на настанот библиотеката додели соодветни награди.

-Со овие активности целта е да покажеме  дека  егувањето на азбуката и јазикот е нешто кое секојдневно се практикува, како во секојдневната комуникација, така и во настаните организирани по повод разни настани, додаде Петровска.

„Да си го зачуваме нашиот јазик и да си ја сакаме нашата азбука“, беше главната порака од денешниот настан на кој најмладите се запонаа со Македонскиот книжевен јазик како јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK