Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека 27-мото издание на „Есенски музички свечености“ 2026 свечено ќе се затвори со солистички концерт на Хатиџе Салиева, кој ќе се одржи вечерва (26.11.2026. – четврток), со почеток во 18:00 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар).
На програмата се „Четири годишни времиња“ на Антонио Вивалди, како и музика од филмот „Шиндлеровата листа“ на Џон Вилијамс.
Пијано-придружба: Ива Виденовик
Ментор: Аспарух Коневски
Хатиџе Салиева е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. И покрај младата возраст, таа веќе има остварено значајни резултати на музички натпревари. Во 2026 година освои прва награда на Државниот натпревар по виолина, како и специјална награда на Меѓународниот натпревар по виолина во Кавадарци.
Настанот е организиран во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.