Спомен куќа на Мајка Тереза распиша конкурс за расказ

majka-tereza
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националната установа „Спомен куќа на Мајка Тереза“ од Скопје распиша конкурс за расказ на темите „Ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане пладне”, „Не ни требаат пушки и бомби за да донесеме мир, ни треба љубов и сочувство” и „Мисија во име на Бог – љубовта кон сиромашните и болните е предуслов за истрајна борба во спроведување на вербата во човечкото“.

Како што соопштија од „Спомен куќата“, рокот за испраќање на расказите е до 1 август оваа година. Резултатите ќе бидат објавени на 15 август.



Доделувањето на наградите и благодарниците ќе биде на 5 септември оваа година. Како што се наведува, расказите не треба да бидат подолги од 7200 карактери, да не се претходно објавени, а можат да бидат испратени на македонски, албански и англиски
јазик.

По избор на жирито, најдобрите раскази ќе бидат објавени во збирка, а за првите три места следуваат парични награди. За освоено прво место паричната награда изнесува 15.000 денари, за второ место 10.000 денари и за трето место 5.000 денари.

Расказите треба да се испратат на „[email protected]“, со назнака “За литературен конкурс”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK