Јурген Алиа од Албанија лауреат на „Пијанофест“ во Битола

piano-fest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младиот уметник од Албанија Јурген Алиа е прогласен за лауреат на меѓународниот натпревар за пијано „Пијанофест 2023“ кој синоќа заврши во Битола.

Со одлука на меѓународно жири, наградата перспективен уметник и беше доделена на Саманта Шпата, додека награда за најдобро изведено македонско дело доби Јана Блажеска, воедно и лауреат во дисциплината соло пеење.



На 5. издание на „Пијанофест 2023“, 120 учесници од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Полска, Ерменија, Бугарија и Северна Македонија се натпреваруваа во дисциплините пијано соло и пијано дуо.

„Пијанофест 2023“ се одржа со поддршка од Министерството за култура, Општина Битола, КИЦ – Офицерски Дом и Државно Музичко училиште-Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK