Промоција на стихозбирката „Per Aspera Ad Astra“ од Оливера Доцевска

per-aspera-ad-astra
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе биде промовирана новата поетска збирка на авторката Оливера Доцевска „Per Aspera Ad Astra“, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје. За поезијата на Доцевска ќе зборува м-р Ирена Јурчева.







Книгата е зборник на необјавени песни на поетесата Доцевска, песни кои низ душевната призма на авторката ги рефлектираат изминатите години и општествениот и личниот пат, проткаен со животите на другиот, прикажување на смислата во бесмислата и на губењето низ себепронаоѓањето, низ силата на мислата и на зборот во одбраниот пат и правец.

Авторката Оливера Доцевска е родена во Куманово. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а работи како адвокат од 2008 до 2020 година.

Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија, а од 2014 – 2018 година е претседател на Статутарна комисија на ДПМ, воедно и член на Собраниски одбор на ДПМ.

Нејзиното книжевно творештво опфаќа повеќе дела поезија и проза, меѓу другото осум стихозбирки, три приредени антологии, како и колумни, есеи, преводи. Преведена е на повеќе јазици и добитник на неколку награди за поезија.

Оливера Доцевска денес работи и живее во Белград.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK