Премиера на претставата „Животинска приказна“

zivotna-prikazna
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставата “Животинска Приказна” во режија на Александар Јовановски, денеска премиерно ќе се одигра во Јавна Соба.







“Животинска Приказна” е сублимација на “Домашен живот” и “Зоолошка приказна”, две дуо драми од Едвард Олби кои во својата беспрекорна корелација го доловуваат недостатокот на комуникација – главното нешто кое ги одвојува луѓето од животните.

Претставата говори за удобноста во која луѓето запаѓаат дур го живеат својот живот, заборавајќи на необврзувачката задача да се биде човек во вистинска смисла… човек кој е обичен следбеник на животното. Иако блиски, ликовите во Животинска приказна, секој на свој начин се сосема оддалечени од животното во себе, губејќи ги основните пориви кои го движат моторот на животот или пак се нурнуваат во нив, давејќи се во длабочината и така сосема го забораваат вистинското животно во себе.

Ликовите во претставата ги толкуваат актерите Никола Кузелов, Ања Митиќ и Виктор Велевски. Билети за претставата можат да се набават на https://www.bileti.mk/e/zivotinskaprikazna.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK