Пет изложби во Галеријата КО-РА по повод Денот на Европа

ko-ra
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа во салоните на Галеријата КО-РА вечер ќе се отворат пет изложби.







Во Новиот салон на сутерен ќе биде отворена групната изложба насловена „Нашата визија за Европа – Редефинирање на приоритетите“ во рамки на која ќе се претстават: Ирена Паскали (Германија), Гордана Квајо (Хрватска), Ангелина Поповска, Марија Светиева, Биљана Билбилоска, Стојче и Емилија Тоциновски, Игор Љубовчевски,  Борјана Божиновска, Љубе Алексовски, Виолета Николова-Виле,  Жанета Радевска Спировска, Славица Танеска, Ангелка Стоиљковиќ, Дафина Веселиновска, Виктор Бранѓолица, Јана Кузманоска, Тања  Кузманоска, Маја Николовска, Мартин Буровски, Дијана Петкова, Нена Туниќ, Сузана Арсова, Анита Огњановска, Јорданка Мирковска, Светлана Пецакова, Фросина Ставревска…

Во салонот на сутерен ќе биде претставен и дел од изложбата насловена „Поглед“  на  академската сликарка Ивана Јовановиќ Тросман од Дубровник, Хрватска, подржана од Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Оваа заедничка изложба ќе биде отворена со настап на хорот ХМД „Кочо Рацин„- Скопје  со кој ќе диригира Ангелина Спасовска.

Вечер ќе биде отворена и  самостојната изложба „Градски рефлексии“ на Рафаел Ристовски, подржана од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.

На Зелениот покрив ќе биде отворена и изложбата „Екстра круг“ на Петра Јовановска, која е родена во Чешка и реализирала 58 самостојни изложби и учествувала на 350  групни меѓународни изложби ширум светот, како и на бројни ликовни колонии и симпозиуми.

Во Големиот салон ќе биде  отворена  самостојната изложба насловена „Футура“ на визуелниот уметник Марко Ружин, професор доцент на Факултетот за дизајн и мултимедија при Универзитетот АУС -ФОН -Скопје, која е подржана од Министерството за култура. На неа ќе бидат претставени 26 дигитални принтови 3д форми и светлосни ефекти во симулиран простор. вј/нд/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK