– Општина Кисела Вода денеска го прославува патрониот празник „Ѓурѓовден“.
Како што соопшти Општината, на пладне пред Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе започне целодневно дружење кое предвидува содржини за сите возрасти.
Настанот започнува со програма за најмладите која ќе ја отвори „Светот на Биби“, а потоа следуваат концертот на дечињата од фестивалот Поточиња и настап на танчерите од студиото за танц „Данса Латина Стефи“.
Вечерните часови продолжуваат во ведра атмосфера со станд ап шоуто на актерите Тино и Атанас. Веднаш потоа, до крајот на вечерта следува журка на Ди-џеј Напстер.