Концерт на „Љубители на класична музика“ по повод Светскиот ден на хармониката

kocert_klasichna_45354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Здружението „Љубители на класична музика“ денеска ќе го организира јубилејниот 15-ти свечен концерт, по повод Светскиот ден на хармониката. Гала концертот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија во Скопје.







Како што е најавено, на концертот ќе настапат реномирани уметници од земјава и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби, како и камерни ансамбли составени од хармоника и други инетрументи.

На програмата се дела од Хендл, Григ, Семјонов, Дербенко, Пјацола, Бете Илин и други.

Во 2009 година 6-ти мај беше прогласен за Светски ден на хармониката, бидејќи токму на овој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.

Роденденот на хармониката се чествува во многу земји низ светот, а овој меѓународен проект во земјава е поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK