Објавен првиот том од избраните дела на Петре Димовски

petre dimovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Бродови“ од Петре Димовски, што е прв од петтомниот избор на овој познат македонски писател кој живее и создава во Битола.







Како што информира Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, избраните дела на Петре Димовски излегуваат по повод 75- годишнината од животот и 50 години творештво. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Петре Димовски е раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Добитник е на повеќе книжевни признанија, меѓу кои и на наградите на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Дебитираше со книгата „Преломи“ во 1973 година и во изминатите педесет години создаде опус од 20 романи и 15 збирки раскази.

Во неговото творештво низ белетристички пристап се следи во континуитет и растежот и падот на Битола низ бурните векови, од настанувањето на градот до најновото време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK