Мухарем Баздуљ во „Буква“

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мухарем Баздуљ, писател, новинар, публицист, преведувач…, хроничар на ова време и одличен познавач на минатото на овие простори, вечер со почеток во 19:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе г промоцира својот актуелен, неодамна објавен роман „Невидливата дружба“.







За неговото книжевно творештво ќе зборуваат писателот Александар Прокопиев, Милутин Станчиќ, прв човек на СПОНА, кој ќе зборува за животните ставови на Баздуљ, додека новинарот Иван Беќковиќ со Мухарем ќе разговара за неговата фасцинација од музиката.

Баздуљ по образование е дипломиран студент по англиски јазик. Од родниот Травник, преку Сараево, дошол во Белград, во кој се вљубил заради сеќавањата на татко му за неговите војнички денови. Своето детство го памети како идилична слика на социјалистичко воспитување каде што не е беше важно на која религија и припаѓате. Војната во Босна драстично смени се…

Мухарем Баздуљ и е добро познат на македонската публика. Неговите книги „Кукла од марципан“ и „Ѓаурот и Зулејха“ се веќе преведени на македонски јазик.

Организаторите информираат дека во случај на неповолните временски услови, местото на одржувањето на промоцијата се преместува во галеријата на КИЦ „Кочо Рацин“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK