Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.
„Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови“, велат од Министерството за култура.
Ова следи откако седумдесет македонски филмски режисери и продуценти побараа средба со Министерството за култура и Агенцијата за филм, и повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.