Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата


md1_6886.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата.


За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори.

Јубилејното 65-то издание Струшките вечери заврши синоќа со врачувањето на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга и „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова Шопова на меѓународното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK