Јубилеј во Куманово по повод претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски

begalka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбележуваме 95-години од првата изведба на театарската претстава „Бегалка“, или „Ленче кумановче“, и 52 години од изведбата на веќе култната претстава во Театар Куманово. Безвременско ремек дело во македонската култура на нашиот драматург, есеист и критичар Васил Иљоски.







Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска им врачи признанија на актерите од претставата „Бегалка“.
– По повод претставата „Бегалка“ која е изиграна во 1971 година во Театар Куманово напишана од Васил Иљоски и е една култна театарска претсатва и нема кој кумановец не се поистоветува со неа. Почестени сме дел до актерите и семејствата на оние кои учествувале во претставата да им доделиме благодарници. Се надевам дека оваа претстава ќе трае уште многу години, рече Тодоровски.
Во своето обраќање министерката Костадиновска Стојчевска рече дека оваа претстава стана трајно културно наследство во драмската литература и театарската историја на Македонија.
– Кумановскиот театар со одбележување на 95-годишнината од првото изведување на претставата „Бегалка“ во тогашниот скопски театар дава почит на безвременското ремек дело на нашиот драматург, есеист и критичар Васил Иљоски и на кумановската екипа на „Ленче Кумановче“ од почетокот на 70-тете години. Актерите од оваа постава која стана култна за македонскиот театар со својата оригинална изведба останаа замапетени како Ленче, Бошко, Донка, Аџи Трајко, Велика. Токму драмата Бегалка омилената „Ленче Кумановче“ остави неизбришлива трага во македонскиот театар и литература со што одигра и клучна улога во обликувањето на македонската драмска уметност, рече министерката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK