Илустратори од Хрватска гости на петтото издание на „Литера“

litera
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 23 до 27 мај во Музејот на Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“. Во рамки на фестивалот, ќе присуствуваат тројца илустратори и креативци од Хрватска – Доминик Вуковиќ, илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“, Николина Манојловиќ и Бранка Холингсворт Нара, кои преку мастеркласови и предавања ќе го пренесат своето знаење на младите илустратори кои сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја.







Како што посочи на денешната средба со новинарите Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот, на илустраторите и креативците од Хрватска ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

На петтото издание, освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи ќе бидат организирани промоции на книги, а наши писатели, креативци ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници.

Како што е најавено, во рамки на фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложени дела на млади македонски илустратори, што учествуваа на конкурсот што го организираше фестивалот.

Поточно, креативна работилница за деца „Свет со љубов“ од Доротеј Нешоски, како и мастеркласовите со Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт Нара од Хрватска ќе се одржат на 24 мај, а веќе следниот ден, 25 мај, меѓудругото, посебен фокус ќе биде ставен на конференцијата „Македонска современа илустрација“. На конферецијата ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата.

Во петок, 26 мај, ќе се одржи работилница за илустрација, за студенти и професионалци од Доминик Вуковиќ, креативна работилница за деца „Сите сме кул на свој начин (да ги прифатиме различностите)“ од Иванка Ниба и Софија Семенпеева. Исто така во текот на денот, Николина Манојловиќ од Хрватска ќе одржи мастерклас, но и работилница за илустрација (за професионалци) „Што се“.

На последниот ден на фестивалот ќе се одржи Мојата прва сликовница „Свет со љубов“ (работилница за деца) од Елизабета Баковска, а ќе бидат соопштени и наградите „Литера 2023“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK