Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски во Музејот на македонската борба

DSC_3803.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 30 мај 2024, четврток, во 19 часот.

Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација маке-донски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во вто-рата половина на 20. век.

Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обеди-нетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во маке-донската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преве-дувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 годи-на со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија.

Активностите се дел од годишната програма на музејот за минатата година, реализирани со поддршка на Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK