Совршени уреди за вашиот дом инспирирани од уметноста и визијата

samsung_mk-feature-art-store-536719248
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За сите оние кои почесто се привлечени од уникатноста, единственоста, но и авангардата,  Samsung во својата понуда на телевизори нуди посебна линија испирирана од уметноста наречена The Frame. Покрај иновативните технологии и сите извонредни функции кои Samsung ги аплицира кај своите телевизори, типично за  телевизор The Frame е дизајнот, односно рамката на телевизорот, и што друго тој може да претставува во вашиот дом.   Мат екранот ќе ве лиши од гледање содржини со отсјај, а рамката ја бирате сами за да се вклопи во вашиот дом, и дури можете да ја приспособите, зависно од декорот.







Quantum Dot технологјата кај овие телевизори испорачува 100% видливост на бои, кои ги зачувуваат богатите детали и текстурата, додека пак функцијата OTS Lite испорачува реалистичен звук кој го следи дејството. Е сега доаѓа најдоброто: Кога е изгаснат вашиот The Frame може да има улога на уметничка слика на ѕидот, која ќе ја изберете од илјадниците слики и светски ремек дела кои се достапни на апликацијата Samsung Art Store. Но, и не мора да е уметничка слики, туку можете од вашиот телефон да префрлите некоја ваша драга слика или семеен портрет да ви ја краси собата. А формата дали ќе одберете да биде хоризонтална или вертикална, тоа зависи само од вашата желба и ентериерот.

Паметен, поврзан и безбеден телевизор

Со веќе добропознатата апликација SmartThings, ќе можете од вашиот телевизор беспрекорно да ги интегрирате и да управувате со сите уреди во вашиот дом кои ви се важни. А за безбедноста на сите податоци кои ги внесувате за бројните апликации се грижи платформата Samsung Knox која обезбедува повеќеслојната заштита и ги зачувува вашите PIN-кодови, други кодови и лозинки. Исто така, сите други уреди поврзани преку интернет со вашиот омилен телевизор се безбедни, а во исто време сте заштитени од злонамерни напади бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира злонамерните дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“.

Покрај телевизорот The Frame како несекојдневен фантастичен уред кој можете да го имате во својот дом, Samsung ви нуди уште еден поразличен начин да ги следите вашите омилени филмови, серии и сите други содржини овозможувајќи ви вистинско кинематографско доживување со проекторот The Freestyle 2 генерација.

Благодарение на неговиот компактен, минималистички и преубав дизајн, овој проектор овозможува лесно прикажување на содржините на која било површина, без разлика дали се работи за ѕид во домот или надворешен ѕид за уживање на отворено. Доволно е да го поставите Freestyle проекторот на држач и да ја репродуцирате вашата омилена содржина на различни површини со едноставно прилагодување на аголот. Сè што треба да направите е да го изберете омилениот наслов на филм или серија и да се препуштите на вистинско кино искуство во топлината на вашиот дом.

Повеќе информации за уредите во овој текст прочитајте на:

https://www.samsung.com/mk/lifestyle-tvs/the-frame/32ls03c-32-inch-the-frame-qled-smart-tv-black-qe32ls03cbuxxh/

https://www.samsung.com/mk/projectors/the-freestyle/lff3c-the-freestyle-2nd-gen-sp-lff3claxxxh/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK