Претпладне умерена облачност ќе има во западните делови. Преку денот ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.
Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.