Променливо облачно со повремен дожд

vremenska-oblacno
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.


Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен.

Следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд и силен ветер, а потоа нестабилноста ќе се намали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK