Променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди

dozd_3454353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.







Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK