Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Скопје Петровец и Крива Паланка

popova_shapka_6787824367
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Утрово е најстудено на Попова Шапка, два степена, а максимални 13 степени се измерени во Гевгелија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа, наврнал во Скопје Петровец и Крива Паланка, четири литри на метар квадратен, а најмалку, еден литар на единица површина, во Прилеп, Струмица и Крушево.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени 5 степени во Крушево, 7 во Охрид, Битола и Дебар, 8 во Претор и Крива Паланка, 9 во Берово, Прилеп и Тетово, 10 во Виница, како и 12 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Струмица, Демир Капија и Дојран.


Наврнатиот воден талог до 8 часот утрово изнесува три литри на метар квадратен во Охрид, Берово и Дојран, како и 2 во Скопје Зајчев Рид, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Виница и Гевгелија.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK