Делови од неколку скопски општини без струја

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од објектот на „АДОРА Флет Ајрон“ лоциран на ул. „Борис Трајковски“, Општина Кисела Вода.


Во периодот од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците ул.„Горно Лисиче“ лоцирани спроти објектот на основното училиште, во Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце, како и објектите на космофон Рашче, космофон Радуша и караула Радуша, Општина Сарај.

Од 09:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од објектите лоцирани околу паркингот на АРМ до кружниот тек во населбата Влае, гостилница Убац, како и објектите лоцирани на калдрмата до новата зграда, Општина Ѓорче Петров.

Без напојување со електична енергија од 13:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од селата Горно и Долно Свиларе, Општина Сарај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK