Марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути пронашла полицијата во шкафче на затвореник во прилепскиот затвор, а затекнала дрога и викендичка до затворот што ја користел уште еден затвореник.
МВР во детали за вчерашната акција во затворот објави дека шкафот го користел Н.Н.(34) од Прилеп, а пронајдените предмети потекнуваат од кривично дело.
При претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага.
Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.