Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот.
Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.