За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли


depositphotos_482183714_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли.


При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.

Одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ “безобѕирно управување моторно возило”.

Акциските контроли продолжуваат и наредните денови, соопшти полицијата. Апелираат до сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK