За брзо возење санкционирани 640 возачи

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 640 возачи.







Од нив 51 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 320 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK