За брзо возење 303 казни на територија на цела држава


brzo-vozenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 303 возачи.

– Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место, соопштија денеска оде МВР.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK