Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед управуван од В.Ч.(49) од Скопје, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.