52-годишен маж осомничен за сексуално злоставување на малолетно девојче

Ја-малтретирале-малолетната-ќерка-кривична-за-двајцата-родители-од-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера околу полноќ во Богданци полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Г. (52) од Богданци.

Како што соопштија од СВР Струмица, тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.

„Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија“, инфомираат од МВР.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK