Во 05.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(40) од Куманово.
Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа во населбата Карпош во Куманово и со закана со оружје кон сопственичката К.С.(41) одзел пари поради наводен долг на нејзиниот сопруг кон него.
Кај него биле пронајдени ловечка пушка, пиштол, нож и одземените пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.