(Видео) Идентификуван и санкциониран 16-годишникот кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип


maloletnik-stip-1-trkalo.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител, извести МВР.


„На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK