Велосипедист падна на Водно и скрши колк, на помош дојдоа и граѓани за да го пренесат до амбулантното возило

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велсипедист попладнево околу 15 часот се повреди при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно.



Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави дека пријавата за случајот стигнала на 112  и екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата.

„До повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош“, вели Ангелов.

Тој им заблагодари на докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK