Ужасна сцена во Прилеп. Шеесет и тригодишен кавадарчанец е мртов.
Според информациите од полицијата, тој за време на физичка пресметка со шурата со кој претходно се запиле, со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба од што починал.
Се’ се случувало вчера на Бадник. Двајцата мажи В.С.(65) од Прилеп и П.Р. (63) од Шивец, Кавадарци пиеле алкохол во дворот. Потоа дошло до вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка. П.Р. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба.
В.С. е приведен и при извршен службен разговор го признал делото.