Уапсени измамници од Тетово: едниот продал возило кое било барано од Интерпол, другиот направил фалсификувана исправа

Уапсени-измамници-од-Тетово-едниот-продал-возило-кое-било-барано.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.


На 23.07.2023, првопријавениот А.Н. со лажно прикажување на факти го измамил второпријавениот А.К. и за сума од 1.104.000 денари му продал патничко возило, кое било барано од Интерпол Стокхолм – Шведска.

Потоа, второпријавениот направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK