Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава


vozac-sprotivna-nasoka.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од селото Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи.


По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK