На скопскиот аеродром уапсен жител на Словачка, бил баран со меѓународна потерница на Интерпол


megunaroden-aerodrom-skopje-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол.


Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK