Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17 часот и 10 минути го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец Ч.А, кој бил пријавен од неговата 23-годишна сестра дека во семејната куќа физички ја нападнал, извести СВР Тетово.
– Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот, по што против пријавениот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Тетово.