Денеска околу 01.20 часот на улица „Народни херои“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.П. од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, извести МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.