Вчера околу 19 часот и 30 минути на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 56-годишниот гостиварец Х.Ш. затоа што се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија, извести СВР Тетово.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.