Уапсен 22-годишен скопјанец кај Неготино, превезувал мигранти од Сирија

Казни-за-241-возачи-во-Скопје-45-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.


Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.

– М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото „пежо“ е запрено, а М.А. лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK