Тинејџер тешко повреден во Дебар: управувајќи мотор се судрил со автомобил со германски таблички

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Oсумнаесетгодишник е тешко повреден, а уште едно лице е полесно повредено во сообраќаја незгода што се случи вчера во Дебар кај улиците Хасан Приштина и Медат Цами.



„Несреќата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од селото Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.Е.(18) од Дебар“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Дебар.

Извршен бил увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK