Две лица од Тетовско се степале откако претходно направиле сообраќајна несреќа.
Според полицијата, вчера во 16.40 часот Д.А.(28) од Тетово пријавил дека околу 04.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од С.Т. и од Н.С.(35) од Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.