Во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден во 17:15 часот било пријавено дека на кружен тек од бул. „8 Септември“ и ул. „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од Скопје и велосипед управуван од Б.Ј.(33) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.