Тешко повреден велешанец, со мопед удрил во паркирано „бмв“

moped-696x445.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне, во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Т.С. од Велес, удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од 32-годишниот Д.Т. од Велес, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес“, соопшти МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK