26-годишник од Кочани со „мерцедес“ излета од пат, со тешки повреди пренесен во болница

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу село Чардаклија и село Долни Балван, на излез на село Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот М.С. од Кочани, излетало од патот, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK