Вчера во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Лески“ со ул.„Богомилска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“, управуван од Ч.Р.(73) и патничко возило „даеву матиз“, управувано од П.Г.(70), и двајцата од Штип, а двете возила со штипски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ч.Р., констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.